Скопје одбележува 51 година од катастрофалниот земјотрес (Галерија)

Педесет и една година од катастрофалниот земјотрес денеска се одбележува во Скопје.

skopje_zemjotres_2

По тој повод официјални делегации и претставници на институции на Градските гробишта во Бутел, пред споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес што во 1963 година го разори Скопје, ќе положат цвеќе.

foto-skopje-zemjotres1

Во Дневниот центар за дарување крв на Црвениот крст на град Скопје, што се наоѓа во ДХО „Даре Џамбаз“,со почеток во 10 часот, па сè до 18 часот, ќе биде реализирана традиционалната крводарителска акција во организација на Црвен крст на град Скопје.

skopje-zemjotres-1963-niz-objektivot-na-life-1290

Во 12 часот, во Салата за состаноци на Кабинетот, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски ќе го прими режисерот Вељко Булајиќ, авторот на документарниот филм „Скопје `63“, што ќе биде проектиран денеска вечер во Музејот на град Скопје.

skopje-zemjotres-1963-niz-objektivot-na-life-1284

Во Музеј на град Скопје, во 19 часот, ќе се одржи литературно читање насловено како „Поетесите за својот град“. Во 20:30 часот, во Салонот на МГС ќе биде отворена изложбата на фотографии „Скопје ‘63 – филмска хроника на едно време“.

skopje-zemjotres-1963-niz-objektivot-na-life-1278

Проекција на еден од најнаградуваните документарни филмови „Скопје ‘63“ на режисерот Вељко Булајиќ е закажана за 21 часот во Музејот на град Скопје.

skopje-z-31

Колку за потсетување на 26 јули 1963 година во 05:17 часот, Скопје било разурнато од земјотрес со 9 степени по Меркалиевата скала (MCS), односно магнитуда од 6,1 степени и длабочина од 5 до 7 км.

rieka-pomos-skopje

Главниот потрес траел 20 секунди, а помали потреси имало до 5 часот и 43 минути. Скопскиот земјотрес се почувствувал на простор од околу 150.000 квадратни километри, најсилно низ долината на реката Вардар (5-6 степени), но и низ цела Македонија (4-5 степени), па и во соседните држави.

skopje3

 

Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе останале без покрив над глава. Под урнатините животот го загубиле 1070 негови граѓани, а биле повредени над 4000 граѓани.

sk vlada 4

Штетата од земјотресот е проценета на 15% од БДП-то на цела Југославија за таа година или во денешна вредност помеѓу 3 и 5 милијарди долари, односно повеќе од целиот годишен буџет на Република Македонија.

sk vlada 3  09-Skopje1963earthquakegravedigging 08-Skopje1963earthquakedamage ADA98144-D49E-4226-A30C-F2ECD8E653D7_mw1024_n_s

Доколку ви се допаднаа овие фотографии, тука можете да погледнете уште една галерија од старо Скопје, пред земјотресот.

 

- Реклама -