На скопските клиники вчера починал 66-годишен човек, кој бил донесен во клиничкиот центар поради повреди од удари, односно видливи модринки и расеченици на лицето.
Случајот бил пријавен во МВР, бидејќи завршил со смртен исход.
-На 11.08.2018 година во 13.18 часот во Единицата за информации и команда Скопје, од страна на вработена во Неврохирургија при комплексот клиники „Мајка Тереза“, било пријавено дека на одделението починал С.М. (66) од Скопје, кој бил примен на 03.08.2018 година во 08.30 часот. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. На 03.08.2018 година во 03.00 часот С.М. пријавил дека истиот ден околу 02.00 часот на ул. „Кеј 13-ти Ноември“ физички бил нападнат од непознато лице при што му биле нанесени телесни повреди (модринка на левото око и расекотина на десниот образ). По преземени мерки лицето било пронајдено и било утврдено дека се работи за А.Б. (43) од Скопје. Тој бил приведен во полициска станица и му биле поднесени прекршочни пријави по член 12 и член 6 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. По целосно документирање на настанот против А.Б. ќе биде поднесени и соодветна кривична пријава – се наведува во соопштението од МВР.