Одамна е познато дека „главен адут“ на ријалити шоуто „Големиот брат“ се секс сцените и голотијата, од кои, судејќи по гледаноста, никогаш доста.
Иако многумина ова го препишуваат на изместени вредности во општеството, вакви нешта се актуелни насекаде во светот – за жал.
Конкретно кај Швеѓаните и Норвешаните, Тв содржината изобилува со целодневна голотија и сцени на секс, забележани од камерите за ноќно снимање.
Скандинавскиот „Голем брат“ започна со емитување на 21 август и во него учествуваа натпреварувачи од Норвешка и Шведска.
Специфичен е по тоа што натпреварувачите често се шетаат топлес низ домот, сите учесници се тушираат голи и неретко имаат секс.
Можно е учесниците да поминуваат време и во разговори, а не само во покажување на интимните делови, но судејќи по сликите, зборувањето кај Скандинавците е губење на време.