Даниел Кајмакоси не добил поддршка од продукцијата на X factor, a се уште не ја подигнал ни својата парична награда, пишуваат српските медиуми.
„Освен што не му ја исплати паричната награда и не му обезбеди песна, продукцијата на „Х Фактор“ не го поддржа ниту неговиот дует со Жељко. По објавувањето на дуeтот на Даниел и Жељко „Скопје-Београд“ продукцијата не го рекламирала на нивните официјални профили на социјалните мрежи. Од друга страна тие ја објавија песната на Кристина Ковач и „Доктори“, што многу го налутило Кајмакоски“, кажал извор за еден српски портал.
И навистина, на официјалниот профил на Х Фактор на Фејсбук нема никаква објава поврзана со инвниот хит, создаден благодарение на ова шоу.
Слушни ја песната на следниот ЛИНК.