Пред неколку дена ги наполни таблоидите, отако ја претстави својата нова девојка порно ѕвездата Берт Роси, па потоа ги обвини своите поранешни порно актерки Џејми Ленгфорд и Џана Џордан дека се обиделе легално да го „ограбат“, правејќи огромни сметки на неговите картички.
Шин отиде и предалеку откако изјави дека среќно би танцувал на нивниот гроб.
– Би можел да играм на гробовите на нивните јагленисани тела, изјави актерот кој е познат по склоноста кон порно ѕвездите.
На своите поранешни девојки овој темпераментен актер им нареди повеќе нникогаш да не го контактираат.
– Изгуби го мојот број. Избриши секакво сеќавање на мене. Никогаш не го споменувај моето во јавност или приватно. Ја знаеш мојата шифра – заклучил актерот.