Скандал во кралското семејство- 27 тајни писма можат да му го одземат престолот на принцот Чарлс

По 10 години правни битки со контроверзните писма познати под името „Black Spider“ ќе бидат достапни за јавноста.
Принцот Чарлс повторно е во центарот на вниманието на медиумите поради писмата кои конечно по 10 години правна битка ќе бидат достапни за јавноста. Случајот познат под името „Black Spider“ (Црн пајак) поради ракописот на принцот со кој ги потпишал писмата.

Screenshot_7

Што се всушност писмата „Black Spider“

Стаува збор за точно 27 документи преписки меѓу принцот Чарлс и министерите во влада во период од 2004 до 2005 година. Се наведува дека писмата содржат многу јасни ставови на принцот во политиката. Кралското семејство не смее да се инволвира во политиката.

Screenshot_8

На кого пишувал принцот

Писмата се пратени на адреса на седум министри во британската влада за време на вториот мандат на премиерот Тони Блер. Принцот пишал на министрите за работа и иновации, храна и рурална работа, здраство, деца, образование и семејстов, култура, медиуми и спорт. Во едно писмо испратено на премиерот Тони Блер, принцот Чарлс наведува дека потребно е да вложи дополнителни средства за британските сили во Ирак да можат да ја работат својата работа.

„Се плашам дека ова е само уште еден премиер кој од нашата војкса бара да ја извршува својата должност (особено во Ирак) без потребните средства“, напишал Чарлс.

Screenshot_9

Зошто толкава правна битка околу „обични“ писма

Поранешниот јавен обвинител Доминик Грив вели дека писмата на принцот одразуваат многу лични ставови и верувања. Грив тврди дека со објавувањето на писмата може да има големо влијание врз „политичката неутралност“ на принцот и дека може да ја донесе во прашање неговата способност на владеење ако тој седне на престолот.

Screenshot_10

Како сето тоа започна

Новинар на весникот „Guardian“ Роб Еванс се повика на слободата на информирање и побара писмата на принцот да бидат доведени под увид уште во 2005 година. Еванс поднесе барање со цел јавноста да може да добие увид во писмата и да одлучи дали тие е прекршена позицијата на принцот Чарлс. По десет години правна битка писмата конечно ќе бидат објавени бидејќи судот смета дека нема валидна причина за блокирање на постапката.

Сепак, содржината на писмата нема да биде откриена во целост. Како причина се наведува заштита на податоци на лицата кои се споменати во писмата.

Канцеларијата на Чарлс изјави дека писмата покажуваат дека принцот ги изразува своите ставови за работите од заеднички интерес, како што претходно отворено зборуваше.

„Принцот од Велс искрено се грижи за оваа земја и се обидува својата единствена позиција да ја искористи со цел да им помогне на другите“, стои во соопштението од Calrence House.

- Реклама -