Скандалозно видео на кое се гледа како Соланж, сестрата на Бијонсе, со тупаници и клоци гневно го напаѓа нејзиниот сопруг Џеј Зи додека се возат во лифт, денес ги заобиколи медиумите ширум светот. Видеото први го објавија TMZ, а на истото се гледа вистински брутален напад кој се случил после фамозната Мет Гала која минатиот понеделник се одржа во Њујорк.
На самото видео снимено во лифт, може да се забележи како Бијонсе и покрај тоа што е сведок на физичкото напаѓање на нејзината сестра врз нејзиниот сопруг, таа останува целосно смирена и стои на страна. Заедно со трите ѕвезди беше и нивниот телохранител, кој иако се обидува да ја оттргне Соланж од Џеј Зи, таа упорно се обидува да го клоцне од далечина, а на моменти се забележува и како го плука.
Видеото дојде и како целосно објаснување за видно нерасположените ѕвезди кои беа фотографирани додека си заминуваат од забавата, и тоа во различни автомобили, Бијонсе и Соланж во едниот, додека Џеј Зи си замина со друг автомобил.+
Недоличното однесување на Соланж ја разбуди имагинацијата на фановите и медиумите за причината поради која е предизвикано, но со оглед на тоа што се уште никој не се огласил јавно за настанот, останува само да нагаѓаме што стои зад оваа приказна.