Актерот Џејсон Бигс на својот Твитер профил напишал статус кој ги налути многу фанови.
„Сака ли некој да ги купи моите наградни милји на Malaysian Airlines“, напишал познатиот актер, но потоа следеле серија лути коментари од обожавателите.
Фановите го нападнале актерот на социјалната мрежа за бесчувствителност, обвинувајќи го дека на погрешен начин бара внимание. Џејсон напишал дека помислата дека тој нема сочувство за жртвите и нивните семејства е пресмешна.
Сепак, коментарите кои вчера ги објавил сите се избришани, а наместо нив напишал нови.
„Ќе ги избришам сите коментари бидејќи некои ги навредив. Жал ми е ако вие бевте меѓу нив. Ова е голема трагедија и целиот свет, вклучувајќи ме и мене, е лут поради тоа што се случи. Испраќам позитивни мисли кон семејствата и пријателите на жртвите. Се извинувам поради коментарите кои се објавени во погрешна смисла и звучеа несоодветно“, напишал Џејсон како извинување и каење.