Ешлејг била изложена на голема непријатност кога вработените од Организацијата Мис Универзум и барале сексуални услуги на паркингот, ветувајќи и за возврат многу насловни страни на магазини, како и договор со оваа организација.
„ Оваа организација е полна со сексуални манијаци и престапници“, тврди дваесетгодишната Ешлејг од Северна Калифорнија.
Пред да замине на состанок, Ешлејг се јавила на организацијата и се распрашала дали Доминиг Родригез навистина работи кај нив. Ешлејг му пратила свои фотографии, па тој и одговорил дека еден магазин веќе сака да соработува со неа. Поради работата побарал да ја види за да разговараат околку потпишувањето на договорот. Иако според истиот требало да се состанат во кафулето Старбак, кога таа се појавила Доминиг барал да влезе во неговиот автомобил. Набргу се и станало јасно.
Ешлејг бара најмалку 200 илјади долари како оштета од Мис Универзум организацијата, со тужба дека е ова осмислена акција со цел невини жени да влезат во светот на модната индустрија преку лажни ветувања.
Од Организавијата се уште не сакаат да го коментираат инцидентот.