По налог на Специјалното јавно обвинителство, утрово бил извршен претрес кај поранешната министерка за култура и поранешниот генерален секретар на Владата.
Оваа вест први ја објавија ТВ 24, по што ја пренесоа неколку новински агенции и медиуми.
Официјална потврда за тоа дали е извршен претрес кај Елизабета Канческа-Милевска и Кирил Божиновски уште не е добиена од страна на СЈО.
Овие двајца се обвинети во неколку случаи на СЈО.