Поранешниот премиер денес беше на распит во Специјалното јавно обвинителство, како сведок во нов случај кој произлегол од необјавени „бомби“.
Специјалната обвинителка Катица Јанева на прес-конференција потврдува дека се води предистражна постапка за земена провизија во една од финансиските истраги на СЈО.
Засега не се открива дали има осомничени во овој случај, туку само дека повеќе лица се повикани како сведоци и доколку во текот на постапката се докаже нечива вина, против истиот ќе се отвори и истрага.
Поранешниот премиер Никола Груевски, пак, по сослушувањето, тврди дека овој случај е фиктивен и повтори дека „бомбите“ се незаконски и не можат да бидат докази против него.