Пејачот Џастин Тимберлејк повеќе пати до сега има покажано деке е вистински шмекер, а овој пат добил и нов прекар, Џастин Бакшиш-лејк бидејчи шмекерството го покажал на вистинскиот начин, кога ја почестил келнерката во клуб со голема сума пари.
Џастин во склоп на својот настап на “The 20/20 Experience World Tour” во неделата и вторникот во гермаскиот град Келн, на келнерка во кафулето “Kristal Keln” ѝ оставил бакшиш од 2.450 долари.
Пејачот би повикан во кафулето за бесплатен пијалок и добар помин, но тоа што го направи уште подобро е кога со неговиот настап кој треаел до 4:30 часот наутро ја загревал атмосферата меѓу гостите, пишуваат американските медиуми.
– Џастин беше во одлично расположение, тој е вистинки џентлмен- изјавил сопственикот на кафулето, Јунус Арслан а со него се согласиле и келнерките кои останале воодушевени од настапот на популарниот пејач но и неговиот великодушен бакшиш.
Џастин во текот на оваа година заработил дури 34,1 милион долари според американското списание „Билборд“.