Странските медиуми во последните неколку дена зборуваат за една од најголемите комичари во Америка, Бил Козби (71), кој се чини дека ќе биде запаметен како насилник врз жените.
Актерката Барбара Боум рекла дека е изненадена што јавноста „заспала“ преку ноќ кога станува збор за злосторството на Козби.
Таа сега напишала и колумна за Вашингтон Пост со детали од сексуалната злоупотреба од страна на Козби, која се случила во средина на 1980-тите години.
– Во Атлантик Сити, каде се случи последниот инцидент, ме нападна во неговиот апартман. Се обиде да ме силува, ми ја скина гардеробата и започна да ми ги откопчува панталоните- напишала Барбата.
Таа додала и дека тоа е вистина, го гребела и се обидувала да побегне од него кога Козби налутено и бесен ја фрлил на подот.
Барбара е само една од низата жени кои претрпеле сексуално злоупотребување во текот на годините.
Овие обвиненија не се само наводи. Комичарот Ханибал Брус исто така својот колега го прогласи за „сериски силувач“.
Првиот супермодел Џенис Дикенсон сега излегла во јавноста со вознемирувачки обвинувања. Според нејзините зборови, Бил ја однел на езерото Тахое каде требале да зборуваат за нејзината тогашна кариера, испиле чаша вино и потоа се онесвестила. но, тоа не е се. Луиса Мортиз на своите 68 години одлучила да го признае злосторството кое никогаш нема да го заборави. Познатиот актер секојдневно ја силувал.
Козби до сега се соочил со 16 обвинувања за сексуално злоупотребување, но Козби на сите овие наводи има само еден коментар: „Знам дека луѓето се веќе уморни што несакам ништо да кажам, но не морам да одговарам на инсинуации.“