Тенисот секогаш бил следен со голем интер во Велика Британија, а кога станува збор за Вимболдон- тоа не смее да се пропушти.
Покрај ѕвездите на тенискиот терен, и во публиката се наоѓаат многу познати гости. Тој настан не го пропушта ниту кралското семејство, па видени се и Кејт Мидлтон и принцот Вилијам кои уживаат во тенис. Тоа е исто така, прво нивно појавување во јавноста без синот и ќерката по крштевката во неделата и ова време е само за нив.
Војводите од Кембриџ го следеа натпреварот меѓу Енди Мареј и Васек Посписил. Покрај Кејт Мидлтон, видена е и нејзината сестра Пипа и братот Џејмс.
И поранешниот фудбалер Дејвид Бекам ужива во тенисот. Овој пат беше во друштво на синот Ромео, и тоа беше вистинско спортско дружење меѓу таткото и синот.
Исто така, познатиот пар Џон Леџенд и Криси Тиеген се видени во публиката. Пејачот и манекенката во последно време ја интригираат јавноста со своите објави на Инстаграм.
Бредли Купер е виден како седи покрај сопругата на Федерер.
Актерот Џош Харнет и неговата сопруга беа едни од оние познати кои беа поканети да се придружат во кралската ложа, и се поздравија со кралскиот пар.
Кој уште беше присутен и што носеа познатите дами, погледнете во нашата галерија.