Старлетата Ким Карадашиан и нејзиниот вереник Канје Вест, се најдоа на насловната на најновиот број на списанието „Vogue”, кој најверојатно, ќе ги скрши сите рекодри кога станува збор за продажба.
Всушност, тие двајца наскоро ќе го „продадат“ и 500.000 број на ова списание, а со тоа ќе ја надминат и насловната страна на која се појавиле Барак и Мишел Обама.
Иако уредничката на списанието беше критикувана од сите страни за својот избор на насловната, сепак испадна дека тоа е најдобриот потег кој го направија.
Ана Винтур, уредничката на списанието, има кажано во повеќе наврати дека цврсто стои зад своите одлуки, и уште еднаш покажа дека е навистина голема „ѕверка“ кога станува збор за модните списанија.