Современите жени бараат „несериозна удобност”, „спакувана” во стилски тоалета. Од друга страна, што е посоодветно за дневниот живот од пар тексас панталони или кошула, а што ќе кажете пак за сеопфатен аутфит од тексас?
Новите модни трендови повторно вклучуваат облека од тексас, кои имаат незаборавен ефект. Доказ за тоа се тесните фармерки и кошули, кои се уште им се хит на жените. Нивната продажба се зголеми значително, откако тексасот почна да се комбинира буквално со се, и тоа, од страна на познатите личности.
Комбинацијата на панталоните од тексас + кошула од тексас е една од најпрофитабилните ова лето. Нема модна блогерка или ѕвезда која не се појавила со тексас од глава до петици.