Сите мислеа дека пораките се нејзини- Откриена е вистината!

Џенер е уште една во низата на оние чии Твитер профили биле нападната од хакери.

Манекенката Кендал Џенер е последната жртва на хакери кои упаднале во нејзиниот Твитер профил и во нејзино име објавувале пораки со несоодветни содржини.

Screenshot_7

Обожавателите останаа шокирани откога прочитале некои од „нејзините“ твитови кои излегоа во американските медиуми. Многу брзо стана јасно дека сепак нешто не е во ред бидејќи Кендал никогаш не објавувала такви објави.

Доцна минатата вечер на нејзиниот профил се појавија постови поврзани со тин-ѕвездата Џастин Бибер и нејзиниот славен татко Брус Џенер.

Screenshot_9

Наводно, таа упатила навредливи коментари кон нејзиниот татко Брус  поради промената на полот, а се спомнува и булимија од која наводно Кендал боледува, а како шлаг на крај се спомнува и дека сексуално го задоволила Џастин Бибер.

Screenshot_8

Нејзиниот профил, со сите оние кои биле означени во несоодветните пораки, Твитер привремено ги укинал.

Минатата година мета на ваков напад беше и Тејлор Свифт, но таа на целата ситуација само се насмеа.

Screenshot_10

Кендал се уште не ја коментирала оваа непријатна случка.

- Реклама -