Дека добрата шминка може да го сокрие и најмалиот недостаток, но и да го нагласи најдоброто на лицето, добро знае Северина чие лице е совршена подлога за бројни техники за шминкање.
Ви претставуваме 4 безгрешни изданија на Северина идеални за дневни и вечерни излегувања.
Хрватската пејачка освен елегантните и предизвикувачки модни комбинавии што го истакнуваат нејзиното секси тело, секогаш има и беспрекорен make-up.
Често пати на нејзините полни усни се наоѓаат нежни нијанси на кармин во портоклови и розови тонови, но и жешко црвени кои не може да останат незабележани. Слично е и со сенките. Популарната smokey-eye техника во црни тонови во комбинација со вештачки трепки се одлични за вечерен look, додена оној дневниот го пополнуваат земјени тонови и црн туш.