Сите коментирале само едно… Дали е таа најсекси трудница некогаш?

На црвениот тепих сите очи биле фиксирани на неа!
На прекрасната Блејк Лајвли одлично ѝ стои бременоста. Нејзиниот десет години постар сопруг, актерот Рајан Рејнолдс и таа го чекаат своето прво дете, а многумина коментирале дека откога ја дознале среќната вест убавицата едноставно сјае.

Screenshot_11

Сите очи гледале во 27-годишната актерка на прославата на „L’Oreal Paris’ Ninth Annual Women Of Worth Celebration“ во Њујорк. Блејк на црвениот тепих се појавила во црн тесен фустан со гол грб, кој совршено паѓал преку нејзиниот бремен стомак.

Screenshot_12

„Отсекогаш сум сакала да имам големо семејство. Би сакала да имам 30 деца, кога би можела“, рекла актерката во едно интервју пред една година. Изгледа дека нејзиниот сопруг нема ништо против тоа.
„Добар сум со пелени и повраќања и со тие работи, бидејќи имам многу внуци па сето тоа веќе го поминав“, рекол Рајан.

Screenshot_13

- Реклама -