Подготовката за смесата на палачинките би требала да биде една од наједноставните зафати во кујната, но меките и тенки палачинки можат да се постигнат само ако имате добро тавче и добар рецепт.
Погледнете го овој рецепт и совети, а доколку имате подобра идеја за ова јадење, споделете ја.
Состојки:
– 3 јајца
– 250 г. брашно (половина мазно и половина остро)
– 350 мл. млако
– 1 чаша минеларлна вода
– малку сол
– 2 лажички масло
Подготовка:
Пенасто изматете ги целите јајца, измешајте ги додека не добиете густа хомогена смеса, додадете ги маслото и млекото и измешајте. Потоа со непрекинато мешање сипете го брашното додека не ја потрошите зададената мерка, па додадете сол.
Доколку ви изгледа смесата густа, разредете ја со минерална вода.