Синот на Роберт Дауни Џуниор уапсен за поседување на кокаин

Индио Џуниор, синот на Роберт Дауни Џуниор, тргна по стапките на својот татко и е уапсен за поседување на кокаин.

Овој дваесетгодишник минатата ноќ го застанала полицијата во Лос Анџелес.

Индио бил во автомобил со уште неколку луѓе, а возеле низ Санта Моника. Полицијата приметила дека во нивната кола се пуши нешто што наликува на луле. Ги застанале и ги привеле во локалната станица. Синот на Роберт излегол утрото со кауција од 10.250 долари.

Indio Downey

Индио има глумено во филмот „Kiss Kiss Bang Bang“ со својот татко, а свига и гитара во групата „The Seams“.

Инаку, борбата на Роберт Дауни со дрогата е добро позната. Неколку пати бил уапсуван, бил во затвор и беше на лечење од зависноста на дрога.

- Реклама -