Најмладиот син на покојниот крал на поп-музијака денес има 13 години, а поради исмејувањето од врсниците одлучил да го промени името.
Како што пишува Radar Online, 13-годишниот Бланкет Џексон неофицијално го промени името во Биги пред да се запише во средно училиште.
Тој е роден како Мајкл Џексон Јуниор, а неговиот татко му го даде прекарот Бланкет (Ќебенце), поради кое со години е исмејуван.
На своите другари од одделението им рекол дека сега се вика Биги.
– Неговите врсници беа многу груби со него бидејќи беа љубоморни што е син на поп-ѕвезда, а името Бланкет го искористија како лесна мета на потсмев- изјави извор.