Камерон Даглас, проблематичниот син на Мајкл Даглас, по две години е пуштен од самица.
На тоа влијаело емотивниот говор на неговиот татко на доделувањето на Еми наградите пред шест месеци.
Камерон Даглас беше дилер на наркотити, поради што од 2009 година служи затворска казна од 10 години.
Тој во самица поминал две години, затоа што и во затворот се дрогирал, но и шверцувал дрога со другите затвореници.
Од полицијата е потврдено дека емотивниот говор кој Мајкл Даглас го оддржал пред шест месеци влијаело на тоа Камерон да биде пуштен од самица во регуларна ќелија.
Во говорот оддржан во септември 2013 година за време на примањето на Еми наградата за најдобар актер, Мајкл Даглас меѓу другото кажа: „На почетокот бев разочаран од синот, но со текот на времето бев разочаран од системот. Ако направите грешка, ве казнуваат. Се случува а мојот син е две години во самица.“