Град, поројни дождови, поплава и земјотрес.
Тоа е сликата која скопјани ја видеа вчера. Потопени автомобили имаше под поранешната Стоковна куќа Мост, а семафорите во центарот на главниот град беа исклучени.
Критична ситуација се случи и кај хотелот Континентал под мостот, како и кај МТВ и подвозникот кон Црниче.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, во Скопје паднале вкупно 37 литри дожд на квадратен метар, минатата ноќ.
Освен ветрот и силниот ветер, вчера околу 23 часот во скопје се почуствува и земјотрес од 3,7 степени според Рихтеровата скала.
Скопје вечерва под налет на краткотраен пороен дожд пропратен со силен ветер. Невремето донесе и неволји за граѓаните. Неколку возила се заглавија во насобраната вода под мостот на стоковната куќа Мост. Освен дожд и ветрер вечерва околу 23 часот скопјани почуствуваа и земјотрес.