Сината птица на Буковски

Има една сина птица во моето срце, која
сака да излезе оттаму,
но јас сум премногу опасен за неа.
Еј, и велам, остани таму внатре,
нема да дозволам никој друг
да те види.

Има една сина птица во моето срце, која
сака да излезе оттаму,
но јас ја наливам со виски и дишам
чад од цигари,
и курвите,
и бармените,
и продавачите
никогаш не ќе дознаат
дека таа е таму внатре.

Има една сина птица во моето срце, која
сака да излезе оттаму,
но јас сум премногу опасен за неа.
Еј, и велам,
стој таму, зарем сакаш да ме збуниш?
Сакаш да зафркенш сè?
Да ја уништиш продажбата на
моите книги во Европа?

Има една сина птица во моето срце, која
сака да излезе оттаму,
но јас сум премногу паметен, ја пуштам само
понекогаш ноќе,
кога сите други спијат.
Еј, и велам, знам дека си таму,
затоа немој да си
тажна.
Потоа ја враќам  назад,
а таа потпевнува по малку
таму внатре,
не ја оставам
да умре
и заспиваме заедно,
со нашиот
таен пакт,
и сето тоа е доволно убаво
за да натера еден маж
да заплаче, но јас
не плачам, а
вие?

Чарлс Буковски

Во продолжение погледнете еден прекрасен филм инспириран од птицата на Буковски.

- Реклама -