Симпатично дете кое денес е најпознатиот готвач во светот

Денес е мега-популарен готвач и тв ѕвезда. Дали би го препознале ако не погледнете подолу за кого се работи?

Започнал да се занимава со оваа професија кога имал само осум години.

olivermali_1378368073_670x0

Џејми Оливер е роден на 27. мај 1975 година во Англија и е еден од најпознатите британски готвачи. Создаде  имиџ на „младиот дечко со фармерки и разбушавена коса зад шпоретот“, а познат е и под прекарот „ Гол готвач“ кој го доби поради името на поптларната тв емисија за кулинарски специјалитети „ Гол ручек“.

oliver1

Неговата прва серија Гол ручек беше  емитувана на BBC, постигнувајќи милионска гледаност, а книгата од емисијата е бестцелер, по само неколку месеци од објавувањето. Популарни се и неговите колумни за Тајмс и GQ.  Својата популарност ја насочи кон актуелизирање на здравата исхрана меѓу младите и подготовка на органска храна во Велика Британија. Токму оваа акција допринесе да биде прогласен за најинспиративната политичка фигура во 2005 година, кога го засени Тони Блер.

 

- Реклама -