Симон Ковел и Лорен Силверман станаа родители на новородениот син Ерик, а неговите фотографии беа објавени на Твитер.
Неговата девојка Лорен Силверман родила момче за Денот на вљубените. На првородениот син му го дадоа името Ерик, по таткото на Симон.
„Среќни сме што можеме да објавиме дека Ерик е роден- здрав и убав“, напишал Симон на својот Твитер профил.
Симон на Твитер исто така објави и фотографии од неговиот син, под кои напишал дека е неизмерно горд и дека никогаш не помислил дека е можно да чуствува толкава љубов.
Парот во текот на летото минатата година објави дека се во врска и дека очекуваат заедничко дете. Сите ги изненадила веста затоа што Лорен до неодамна била во брак со пријателот на Симон, Ендрју Силверман. Симон призна дека целата ситуација била незгодна, но сега се мирни и среќни.