Светлина слична на сончевата ги „заслепила“ жителите на Канада, кога во сред бел ден се случила експлозија на метеор.Експлозијата била толку силна што луѓето помислиле дека куќите им се срушени до темел.
Вистинска паника се случила меѓу граѓаните кои се нашле на 4. мај, точно во 16.20 часот на улиците во северниот дел Онтарија во Канада кога се случила експлозијата.
„Експлозијата на метеорот долг половина метар може да се спореди со експлозија 20,30 тона динамит“, објаснува подоцна професорот по астрономија Питер Браун за CBS додавајќи дека Земјата годишно ја погодуваат околу 78.000 тони вселенски отпад.
Имено ретко се гледаат експлозии во сред бел ден и тоа во населени области. Вселенскиот отпад според зборовите на Браун обично завршува во океаните.