Познатата манекенка со своето однесување навреди многумина!
Славниот член на семејството Кардашиан, Кендал Џенер, предизвика инцидент во ресторан откако одбиле да ѝ послужат алкохол.
Осумнаесетгодишната манекенка во пораст, за време на ручек со Хајли Болдвин, ќерка на актерот Стивен Болдвин предизвикала вистински инцидент откако одбиле да ѝ послужат алкохол бидејќи е малолетна. За разлика од нашите закони, во Америка старосна граница за конзумирање на алкохол е 21 година.
„Кендал стана и замина од ресторанот без да ја плати сметката од околу 60 долари“, рекол извор за американските медиуми.
Келнерката Блаин Морис потрчала по Кендал и нејзината пријателка барајќи да ја пратат сметката, но девојките почнале да се смеат.
„Кендал земала неколку пари до 20 долари и ги фрлила во лицето на келнерката“, додава очевидец.