Фотографката Ана Ефтимие направи серија фотографии од нејзиното бебе инспирирана од прашањето: „Што би можело да сонува едно новороденче“. Таа ги илустрирала неговите соништа на табла исцртана со различни цртежи. Бебенцето на фотографиите има само 5 дена.
„Како го направивме тоа? Едноставно. Само направивме цртежи на вистинска табла, како што правевме на училиште. Потоа, го фотографиравме бебето додека спие на мека и топла постела на таблата, токму на средина на неговата приказна. Иако изгледа како нашиот син да спие директно на таблата, секогаш под него имаше нешто меко“.