Што сè треба да се направи  за да се уништи Исламската држава?

И пред терористичките напади во Париз минатиот петок, западните држави ја бомбардираа Исламската држава во Сирија и во Ирак, но судејќи според реториката од претходните неколку дена, постојат големи изгледи дека напорите за елиминирање на ИД ќе се засилат.

Францускиот претседател Франсоа Оланд вети дека ќе ја „уништи Исламската држава“ и ги повика САД и Русија да оформат „сојуз на сите оние кои се во состојба да се борат против оваа терористичка војска во единствена коалиција“.

Можеби ова е вистинскиот момент да се запрашаме што би требало да направат НАТО и Русија за да се сруши ИД.

VICE стапил со контакт со Омар Ламрани, воениот аналитичат при тексашкиот воен аналитички центар Сртатфор, со него разгледал некои хипотези со цел да се добие подобар увид во она што би бил резултатот од некои од опциите. Еве го скратениот разговор.

VICE: Кои се начините Западот еднаш за секогаш да ја порази ИД?

Омар Ламрани: Можат да се направат многу нешта да и се нанесе штета на ИД, но при сето тоа мора да се имаат предвид два фактори. Би можеле да ја победите кога би ги нападнале изворите на нејзиното финансирање. САД очигледно за цел ја земале нејзината нафтена и енергетската инфраструктура во последните напади врз провинцијата Деир ез-Зор, каде што се уништени 116 камиони со нафта. Видовме дека преземаат напади на обезглавување, кога како цел се земаат нивните лидери. Видовме дека се спроведуваат: пропагандна војна, воздушни напади, напади за запирање на напредувањето на непријателот, напади врз нивното логистичко снабдување. Воздушните напади и нападите врз нивните финансии имаат сепак ограничено влијание, сè додека на копното не се појават дечките кои директно ќе се соочат со ИД и ќе ја освојат нивната територија.

Дали досегашните упади на силите на САД нанесоа некоја поголема штета?

До сега видовме многу мал број на случаи каде се ликвидирани лидерите на ИД, а тие акции да не биле подржани од директни напади од воздухот. Ги видовме нападите во источниот дел на Сирија, кога го убија лидерот кој се занимавал со нафта. Тоа е спроведено со вметнување на специјалните сили, но тоа е многу редок случај. Тие најавуваат дека тоа ќе го прават почесто.

Го видовме и случајот со спасувањето на заробениците, но тоа не беше напад врз врхушката. Во суштина САД најавуваат дека ќе го зголемат бројот на нападите и ќе ја спроведат „стратегијата РРР“, што значи „Рака (најголем град под контрола на ИД), Рамади и редовни напади“. Тоа подразбира повеќе акции од страна на командосите и на специјалните сили. Но, досега, најголемиот дел од нападите е изведен од воздух со помош на дронови и борбени авиони.

Дали секогаш кога САД ќе ликвидира некој нивен лидер не се појавува некој нов?

САД упорно повторуваат дека секогаш кога ќе го убијат првиот лидер, ќе биде убиен и неговиот заменик, со што значително се забавува темпото на непријателот. Кога упорно ги убивате лидерите, тоа по одредено време почнува да се чувствува, и навистина до некаде тоа е точно. Тоа дефинитивно и задава удар на ИД. Но смртоносен удар? Можете ли да ја докусурите ИД само доколку им ги убивате лидерите? Не можете. САД тоа први ќе ви го признат. Тие отворено зборуваат за тоа дека без копнените сили не може да ѝ се стави крај на ИД. Без да се заземат териториите на кои таа оперира, ИД ќе продолжи да опстојува.

Обама сака да ја „интензивира“ постојната кампања. Дали со повеќе копнени напади може да се дојде до повеќе пресудни, крупни промени?

Ајде да погледнеме што се случи во Синџар (каде што Курдите извојуваа победа против ИД). Кога имате напади од воздух во комбинација со копнените сили, тоа може да се покаже како пресудно. Но воздушните напади сами по себе не можат битно да ја сменат сликата на теренот. ИД може да се запре до одреден степен – може да се задржи и да се спречи да заземе нови територии. Видовме што се случи во Кобан, каде силите на одбраната веројатно би биле поразени доколку немало напади од воздух од страна на САД. САД можат да отидат таму со воздушни сили и да го спречат понатамочното ширење на ИД, но како што видовме во Париз, ИД е во состојба да направи штета на интересите на сојузниците во странство.

Која е најголемата мана на воздушните напади?

Воздушните напади не можат директно да ги подржат силите на сирискиот претседател Башар ел Асад. Видовме дека ИД според својата стратегија почна да ги напаѓа целите кои не се покриени со подршка од воздух и таа тоа го искористува. Примери за тоа се последните заземања на Махин (во почетокот на ноември), а пред тоа на Палмира (окупираниот сириски град со светско археолошко значење кој беше сериозно оштетен оваа година).

Значи, постојат сериозни ограничувања за спроведување на воздушните напади иако тие можат да бидат од голема помош. Тие можат да бидат клучни во одбрана на избраните цели на ИД но сами по себе не се сребрен куршум.

Постои ли магичен однос помеѓу нападите на специјалните сили, воздушните напади и нападите на локалните пара-војски?

За одговор на ова прашање ќе го земеме примерот со Курдите. Курдите се покажаа како мошне ефикасни во борбата против ИД на самиот тререн  – конкретно во североисточниот дел на Сирија ако зборуваме за YPG (главно курдските одбрандбени сили кои се борат против ИД). Тие покажаа дека можат да ја присилат ИД на повлекување. Проблемот, сепак, е двоен: под еден, Курдите можат да оперираат само во североисточниот дел на Сирија. Курдите немаат подршка кај народот со чија помош би можеле да одат подалеку од североисточниот дел на Сирија, бидејќи се мала демографска категорија во голема сириска држава. Тие таму не би биле ефикасни. Освен тоа, немаат бројна супериорност и немаат историска врска со таа територија. Не ја познаваат добро. Тука е и другиот проблем, Турција. Турција исклучително ја засега курдското прашање. Не се подготвени да подржат никаков потег што на Курдите ќе им даде поголема моќ. Бевме сведоци на тоа како ги нападнаа од воздух додека се обидуваа да ја преминат реката Еуфрат на запад. Така што Курдите се само делунмо решение. Тие можат да ѝ нанесат штета на ИД во североисточниот дел на Сирија и на еден дел на Ирак, но на нив не можеме целосно да се потпреме.

Прочитајте и:  „Фигаро“ ја повлече веста дека Франција и Велика Британија и дозволиле на Украина да нападне длабоко на територијата на Русија

Оланд тврди дека Франција ќе ја уништи ИД. Дали токму таа ќе стапне со нога на копното?

Не сум видел никаков знак кој јасно би укажал дека Франција таму ќе оди со копнените сили. Сум видел извештаи во кои се разгледува можноста за испраќање на специјалните сили, како во случајот на САД.

Значи, ако копнената инвазија е неизвесна, како ќе изгледа здружената меѓународна стратегија?

Гледаме како се менува динамиката, се јавува желбата за ставање крај на сирискиот конфликт. Причина за ова е големото внимание кое лојалната, про-Асадовската страна и бунтовниците кои немаат врска со ИД го посветуваат едни кон други. Тоа на ИД и создава многу повеќе простор за странично делување, можност за заземање на територии итн. Доколку постигнат спогодба, прекин на огнот или мир во одреден момент во иднина, ќе биде многу полесно да се борат против ИД. Тоа е нешто со што Русите, Американците и Французите ќе мора да се согласат и тие тоа го знаат. Проблемот е како да се дојде до тоа, откако двете страни се толку посветени на своите претставници на теренот – мислам на сириските сили против бунтовниците.

Дали ова значи дека е потребно да се натераат лојалистите и бунтовниците на помирување?

Тоа е полесно да се каже отколку да се направи. Не е толку лесно само да се рече: „Дојдете да го потпишеме договорот за мир и заедно да се бориме против ИД“.  Тие држави се неповерливи едни спрема други. САД не ѝ верува на Русија, а кога Русија тргна со своите воздушни напади во Сирија,  изјави дека оди исклучиво против ИД, но 80 насто од нивните напади биле насочени против бунтовниците, а не против ИД. Постои прилично длабок јаз кој е тешко премостлив.

Да претпоставиме САД и нејзините сојузници да се договорат со Русија. Што тие можат да постигнат заедно?

Не сакам да се впуштам во шпекулации и во хипотези, но доколку странските сили успеат да постигнат спогодба, тогаш е битно, кога ќе влезат во источна Сирија да го имаат предвид историското незадоволство на локалното население. Можеби би успеале да соберете воена сила која би можела нешто да направи. Да речеме во едни идеални услови кога лојалистите и бунтовниците би се здружиле против ИД – тоа би била една многу моќна сила. Таа би можела да ја порази ИД. Тоа за ИД би било премногу. Но, вродената нетрпеливост и тензиите тешко дека ќе ги снема, особено доколку Асад и понатаму остане на власт. Проблемот при претпоставувањето е дека бунтовниците нема да сакаат да соработуваат со Асад. Едно е да ги отстраните воено, но тогаш се враќате на почетокот на проблемот.

„Тоа не може да функционира доколку претходно не ја разрешите сириската граѓанска војна. ИД нема да биде поразена сè додека не заврши сириската граѓанска војна.“

Може ли да има легитимен сириски режим без Асад?

Ако не е Асад, тоа и натаму ќе биде некој кој не им се допаѓа на бунтовниците. Доколку тоа драстично би се променило, тогаш ние зборуваме за една сосема нова ситуација во која Русите и Иранците велат: „Во ред , се откажуваме од Асад. Ќе им направиме ќеиф на бунтовниците“. Ќе успееме да разбереме со кои бунтовници треба да се преговара. Зборувам за многу фактори кои подеднакво треба да се проанализираат за да се дојде до точката во која се обединети силите на бунтовниците – во тој момент тие се веќе бивши бунтовници – и лојалисти кои ќе влезат во источниот дел на Сирија за да се борат против ИД.

Дали може да биде опција, занемарување на фактот кој е на власт во Сирија?

Има многу пречки на патот кон ова идеално сценарио. Тоа не може да функционира додека не се реши граѓанската војна во Сирија. Повторувам, ИД нема да биде поразена додека не заврши граѓанската војна во Сирија.

Што треба да се направи за ИД никогаш повеќе да не се врати?

Доколку не ја разделите ИД од сунитската заедница во Сирија и во Ирак во кои таа делува, секогаш ќе има услови за враќање на истиот проблем. Не смее да се заборави она што се случи во Ирак по зголемувањето на бројот на војниците и Анбарското будење. Tаму сè уште гледавме џихадисти, не беа целосно уништени, туку елиминирани во значаен степен, сунитската заедница беше вклучена во преговорите. Им беше понуден излез од кризата. Им беше кажано дека работите може да се подобрат за нив, дека нешто може да се договори со Багдад, со владата. Но, до тоа не дојде и историското незадоволство на сунитската заедница во Ирак и во Сирија им овозможи на групите како што се ИД и други џихадистички актери постојано да се враќаат на местото на настанот.

Дали постои некоја друга опција?

Може да се обидете да предизвикате внатрешен револт. Тоа може да биде вашата неочекувана карта. Можете да најдете незадоволни луѓе во ИД и да ги наведете да бунтуваат. Можеби ќе ни успее да ја отстраниме ИД, но и натаму останува простор некоја друга група како ИД или нејзин наследник, да се појави на истата територија.

Дали сакате да кажете дека западот би требало малку да забави и да биде малку потрпелив?

Соочени сме со состојба многу тешка за решавање во еден кус временски период. Мислам дека во тоа е суштината. Ова е историски проблем вкоренет во историското незадоволство на сунитите, шиитите, семејствата, границата, националностите, религиите. Многу тешко е преку ноќ да се реши проблемот кој е тука присутен  и кој е само влошен во текот на последната деценија исполнета со војни.

Извор: ВАЈС

- Реклама -