Што се случува со нашето тело додека спиеме?

Имајќи предвид колку е напорен современиот живот, спиењето изгледа како неповратно загубено и непродуктивно време, пишува Science Alert.

Тоа што спиете сепак, не значи дека со вашето тело не се случува ништо. За да ни помогне да го разбереме подобро и полаички она што се случува со нашите тела кога спиеме, уметникот Јан Дием ја создал оваа интересна инфографика, што ја објаснува активноста во организмот во текот на различните фази.

Првиот стадиум е времето помеѓу будната состојба и тоа кога сте задремале. Тогаш се уште е многу лесно некој или нешто да ве разбуди. Ако тоа се случи, нема воопшто да почувствувате било каков позитивен ефект од краткиот сон.

Вториот стадиум е она што научниците го нарекуваат „среден сон” – во него го поминуваме поголемиот дел од ноќта. Тогаш мозочните бранови се спори, крвниот притисок опаѓа и срцевиот ритам се смирува. Токму тогаш го добиваме потребниот одмор.

За време на третиот стадиум сме во најдлабоката фаза на спиењето. Речиси сите телесни функции се забавени значително и нашето тело почнува полека да се опоравува. Тоа е и фазата, во која месечарите одат, зборуваат или јадат на спиење.

REM стадиумот е времето кога доживуваме најреални соништа. Научниците го нарекуваат овој сон „парадоксален”, бидејќи телото е опуштено, но мозокот работи како да сте будни. Мускулите се парализирани, а срцевиот ритам и дишењето имаат различен степен на активност.

2014_Sleep_0

- Реклама -