Што се случува на Интернет за една минута?

Следниве неверојатни бројки покажуваат колку човештвото всушност е активно на Интернет.

Новата студија што ја спроведе Intel, произведувач на процесори, откри дека во една минута се испраќаат над 204 милиони електронски пораки, се преземаат 47 илјади апликации и на купување од Amazon се трошат 83 000 долари.

Се прегледуваат околу 20 милиони фотографии, шест милиони Facebook страници и се гледаат 1,3 милиони видеа на YouTube.

embedded-infographic-600-logo

„Компјутерите се трансформираа и влегоа во животите на огромен број луѓе. Најголемо влијание на количеството на пренесени податоци имаат мобилните уреди. Слушањето музика, гледањето видеа, преземањето фотографии, играњето видео игри, „освежувањето“ на статусите на Twitter – сите тие активности го сочинуваат сообраќајот на мрежата“, објаснува Кристал Темпл од Intel.

Студијата, исто така, проучила каква е иднината на размената на информации. Се предвидува дека до 2015 година бројот на уреди ќе биде двојно поголем во однос на бројот на луѓе во светот. Тоа значи дека на еден човек би му биле потребни пет години да ги прегледа сите видео снимки што корисниците од цел свет ги отвораат само во една секунда.

 

- Реклама -