Актерката Кејли Куоко која се прослави со улогата на згодната Пени во серијата „The Big Bang Theory“, објавила интересна слика на Твитер на која се гледа нејзината моќ на трансформација.
Кејли со своите следбеници споделила фотографија на која им покажала како изгледа во секојдневието, без трага шминка. Нееднаков тен, подуени очи, се дел од секојдневната слика која сите ја гледаме во огледало штом се разбудиме.
А потоа им покажала како изгледа откога професионални шминкери и фризери ќе ја средат пред јавен настап.