Вчера жената на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон сними кратко видео со кое упати апел за превземање на рани мерки за лекување на деца кои имаат ментални проблеми.
Веста сепак не предизвика толку големо внимание колку што тоа го направи изгледот на војвотката.
Многумина забележаа дека Кетрин изгледа прилично уморна и остарена.
Според едни таа доживува тешка втора бременост, а според други, Кејт има проблеми во бракот со принцот.
Во април Мидлтон ќе го роди второто дете на Вилијам, што според гласините, ќе биде девојче.