Семејството Кардашијан-Вест навистина против своја волја се најде во една семејна фотографија на една обична жена.
Но, и тие понекогаш се како обично семејство и мораат да седнаат да ручаат.
И додека тие биле на ручек во еден ресторан во Малибу, една госпоѓа, која седела во нивна близина, се сликала со бебето.
Штета што госпоѓата и бебето, кои се навистина симпатичн, паднале во втор план, бидејќи Ким и Канје повторно го украдоа целото внимание кон себе.
Ова е веројатно една од ретките фотографии на Ким и Канје на која се релаксирани и несвесни дека фотоапаратите се некаде во близина.