Бугарскиот графички дизајнер Јанко Цветков, кој живее и работи во Лондон, објави серија духовити но и мошне провокативни мапи на кои се прикажани предрасудите кои ги имаат државите едни спрема други. Станува збор за илустрирани мапи, каде наместо имињата на државите се наоѓаат стереотипите кои се поврзани со нив од страна на одредени земји, но и од важни личности. Токму онаа на која е прикажано како Силвио Берлускони гледа кон европските земји е наш фаворит. Погледнете ги.