Прашањето во насловот честопати било тема на разни SF приказни, а со него донекаде се забавуваше и Супермен, кој ја сопре Земјата и ја заврти во спротивен правец, за да го врати времето. Но, што навистина би се случило со нашата планета и со нас, доколу таа престане да се врти?
За нас, тоа воглавно би било како да сме во автомобил кој што застанал во место, додека возел со брзина од 1674 км на час. Би умреле во истиот момент, но нештата би биле полоши, објаснува научното видео.
Со тоа нашето тело би полетало кон исток со брзина од 465 m/s, веднаш би се распаднале во маса мускули и коски.
Луѓето кои се во авион би преживеале малку подолго, но потоа ќе бидат убиени од силна бура, која ќе започне по планетарното кочење.
Брзината на ветрот би била толку голема што ќе избувнат пожари, а тоа ќе предизвиа ерозија на се што се наоѓа на површината на Земјата. Без ротација, денот на земјата ќе трае 365 дена. Тие би биле пропатени со цунами, нагли замрзнувања и изумирање. Всушност, радиоактивното зрачење на Сонцето ќе убие се што можеби некако успеало да преживее.