Младиот пејач е виден во друштво на непознати девојки…
Иако од минатиот месец е повторно со својата поранешна/сегашна девојка Селена Гомез, оваа недела Џастин Бибер е виден како се забавува на јахта со млади девојки. 20-годишниот пејач се шетал по јахтата без маица и пиел алкохол. Со него се видени и две убавици, една во бело бикини, а другата во црвен костум за капење со знакот „х“ преку брадавиците.
Неодамна младиот пејач се забавувал со своето друштво во својата вила во Беверли Хилс, но забавата ја прекинале соседите кои повикале полиција поради прегласната музика. По полициската опомена, музиката е намалена, но по некое време полицијата повторно морала да интервенира, бидејќи млада девојка гласно викала пред вилата на Бибер и го вознемирила соседството.
Можеби затоа му била потребна јахтата за на сред море никој да не му „додева“.