Што имаат заедничко Северина и Ким Кардашијан?

Северина Вучковиќ (42) и Ким Кардашијан (34) имаат многу нешта заеднички.

Двете се постари од своите партнери, сакаат момци кои се добри со топка, постојано бомбардираат на социјалните мрежи со провокативни фотографии и имаат домашно порно видео.

Северина неодамна се пофали со нов дечко, 15 години помладиот Игор Којиќ, додека Ким од поранешниот сопруг, кошаркарот Крис Хамфрис беше постара четири години.

Како и поранешниот американски пар, Северина и Игор се голема разлика во висината. Игор е висок 192 цм, а Северина 170. Крис е висок 206, а Ким има едвај 159 сантиметри.

389613_kim-kardasijan-verenicki-prsten02apfoto-evan-agostini_ff

Новиот дечко на Северина изгледа неодоливо и потсетува на кошаркар. Тој минатата година се откажа од голманската кариера, а сега е фудбалски менаџер.

Двете девојки имаат домашно порно видео, кое протекло во јавноста. Северина пред 10 години на јахта, а Ким две години подоцна со раперот Реј Џијем.

Порното им помогна во кариерата, иако Северина со денови плачела поради тоа што истото видело бел ден. На суд се обидуваше да докаже дека филмот од 11 минути е нејзино авторско дело, но го изгуби спорот. Кардашијан по филмот ја зголеми својата заработувачка.

Ни Крис ни Игор не го поднесуваат најдобро товарот на славата. Којиќ после јавното признавање на Северина дека тој е нејзината нова љубов, ги спакува куферите и замина во Виена, додека не се смират пишувањата и коментарите за нивната врска.

Крис го мразеше реалното шоу на Кардашијан, и по 72 дена брак побара развод бидејќи се чувствувал искористен.

- Реклама -