Бракот на познатата актерка е во криза откако почнала да се сомнева дека 73-годишниот сопруг ја изневерил со младата актерка со српско потекло, Стана Катиќ.
Бракот на Барбара Стрејсенд со Џејмс Бролин последниве неколку недели поминува низ криза. Всушност, познатата актерка е љубоморна и се сомнева дека сопругот ја изневерил со 35-годишната актерка со српско потекло Стана Катиќ, Со која работи на снимањето на серијата Castle, тврдат американските медиуми.
Иако нема докази дека имало нешто повеќе од флерт меѓу нив, Барбара го обвинила сопругот за прељуба и парот сега е пред развод, пишуваат медиумите.
– Џејмс често зборувал колку Стана е згодна, шармантна и дека е убаво со неа да се работи- открил изворот и додал дека тоа е причината поради која Барбара почнала да се сомнева дека Џејмс ја изневерува по 15 години брак.
– Вистина е дека Џејмс флертувал со Стана, но Барбара ја интересира што друго се случило меѓу нив освен тоа, затоа што е многу, многу љубоморна- признава изворот.