Пејачката очигледно не знае поинаку па на сите настани доаѓа облечена така што сите ќе зборуваат за неа.
Лејди Гага дошла во Roseland Ballroom облечена во бело крзно. Тоа не би било толку чудно ако со својот изглед не потсетува на Јети. За среќа, организаторите се навикнале на овие работи од пејачката па не се јавиле на обезбедувањето.
Подоцна, го соблекла крзното и продолжила во мрежасти хилахопки по целото тело. Пејачката прв пат успеа да ја шокира јавноста кога на себе стави фустан од месо, додека пред неколку дена наликувала на бројаница. Сите сакаат да знаат што е следно?
А ако сакате да се инспирирате за првоаприлска маска од Лејди Гага погледнете некои од нејзините најскандалозни изданија.