Џеј Ло: Штикли што ги затегнуваат листовите и го подигнуваат задникот

Новата сезона на американското шоу Американски идол почна, а главна ѕвезда е Џенифер Лопез, како членка на жирито. За да заблеска во полн сјај и да го истакне нејзиното главно оружје, телото во форма на песочен часовник, се одлучи за штикли кои нејзиниот задник и затегнати листови ги стави во прв план.

60849747

Фустанот во маслинесто зелена боја со кратки ракави и едноставен крој одлично се „стопи“ на нејзиното тело. Целата комбинација совршено ја надополнуваат штиклите во слична боја украсени со златни копчиња и ременчиња од змиска кожа. Омилениот фетиш на Џеј Ло одлично и ги истакна мускулестите листови, стегнатите колкови и и го подигна задникот.

60849753

За да изгледа уште повисоко, Џеј Ло ја подигна косата во висока пунџа надополнета со шарена марама, а усните ги освежила со јак црвен кармин.

60849745

- Реклама -