Сестрата на модниот дизајнер Џани Версаче од година во година станува сè повеќе пластична и вештачка, но неодамна ја премина и разумната граница.
Нејзините креации ги носат најпознатите жени во светот, таа ги диктира модните трендови, но ретко која жена би сакала да личи на неа.
Донатела Версаче шокирала со својот изглед кога се појавила на Met Gala вечерта. Многумина со чудење ја гледале неверуавајќи дека е навистина таа. Дизајнерката на отварањето едвај стоела на нозе, а кога манекенките ги носеле креациите речиси заспала во првиот ред на пистата.
Стајлингот на Донатела и овој пат бил беспрекорен, но тоа не можеше да ги сокрие нејзините недостатоци. Дизајнерката е послаба од било кога, а лицето е непрепознатливо по безбројните операции.
Ова е развојот на распаѓање на Донатела, пред и по операциите…