Принцот Хари наскоро ќе наполни 30 години, но тоа можеби нема да биде толку весел момент, бидејќи наскоро во јавноста ќе се појави нова книга на кралската биографија со шокантни детали од детството на младиот принц.
Книгата фрла ново светло на настаните во Бакингемската палата, и на прв поглед, многу е благонаклонета кон кралското семејство и принцот Чарлс.
Принцевите Хари и Вилијам имале само шест и осум години кога нивните родители Лејди Дијана и принцот Чарлс објавија дека се разведуваат. Но, скандалите кои нивните родители ги правеле и ден денес го „потресуваат“ Британскиот остров, но и целиот свет, се наведува во новата книга на авторката Пени Џуниор.
По разводот, принцот Чарлс забранил на вработените во дворот да зборуваат лошо за неговата поранешна сопруга, бидејќи таа секогаш ќе биде мајка на неговите деца, наведува авторката во книгата.
Сепак, Дијана гледала заговори насекаде околу себе. Во своите напади на параноја била отровна и кон луѓето кои ѝ биле многу блиски, вклучувајќи и нејзиниот приватен секретар Патрик Џефсон.
Дури и Камила трпела ментално малтретирање од Лејди Ди. Не еднаш, Дијана се јавувала на Камила сред ноќта со заканувачки пораки:
– Испратив некој да те убие. Надвор е. Погледај низ прозор, стои во дворот- се заканувала Дијана.
Авторката понатаму наведува дека принцовите кои посетувале приватно училиште, се обидувала да ги заштити од медиумската бучава и скандалозните наслови, но тоа било речиси невозможно. Вилијам и Хари всушност живееле во затвор.
Хари отсекогаш бил многу приврзан за мајката. Кога на првото самостојно летување ја повредил ногата, сведоци велат дека бил во агонија и дека неутешно плачел. Без татко, мајка, па дури и дадилките, му се приближил полицаец и му рекол:
– Хари, совземи се и не плачи. Тоа е само гребаница- му рекол полицаецот.
Овој инцидент е речиси безначаен, но во целосна светлина објаснува едно несреќно и трагично семејство во кое принцовите пораснале. Тие кои добро го познаваат Хари вела дека е добра работа што тој никогаш не бил претендент на престолот, бидејќи едноставно би бил очаен крал.
Милата, емотивна Дијана очекувала од малиот Хари дека ќе ѝ даде емотивен баланс, додека од друга страна, таа не била тука за него.