Веста за смртта на ќерката на Витни Хјустон го потресе светот. Како што тврдат странските медиуми, еден од членовите на семејството ја фотографирал починатата на смртната постела и ја продал фотографијата на таблоидите.
Фотографијата на мртвата Боби Кристина ја објави таблоидот The National Enquirer.
Уредниците отишле чекор понатаму па фотографијата ја објавиле на насловната страна, а за сето тоа да биде уште пострашно, под фотографијата на мртвата девојка, ставија и фотографија од нејзината мртва мајка во ковчег.
Спорната слика можете да ја погледнете на официјалниот сајт на овој бескруполозен таблоид, а самата насловна ОВДЕ.