Адам Левин и момците од групата Maroon 5 се појавиле непоканети на низа свадби во Лос Анџелес и ги забавувале младоженците и нивните гости.
Всушност, тие го снимале спотот за песната „Sugar“.
Непоканетите гости на свадба се кошмар за сите младоженци. Сепак, кога на свадбата направиле упад непоканетите членови на Maroon 5, и младенците и нивните гости ги изненадиле со новата песна, и работите се измениле сосема.
Адам Левин (35) и момците од групата го објавија спотот за својата нова песна „Sugar“. Спотот го снимале во еден ден во Лос Анџелес, а планот им бил да отидат на што повеќе свадби и да пеат на истите. Реакциите биле шок, неверување и среќа.
Младоженците најпрво се чуделе, ги интересирало што се случува кога бината била заградена без нивно знаење. А кога завесата се спуштила и Maroon 5 почнале да пеат и свират, загриженоста се претвори во огромна радост.