Поради измет, валкани хигиенски влошки и кондоми кои се појавиле во морето и направиле неподнослива смрдеа, прекинато е снимањето на популарната серија!
Дошло до проблеми за време на снимањето на популарната серија „Game of Thrones“ во Каштилца, Хрватска. Како што наведува порталот Dalamcija News, фекалната вода од септичките јами била пуштена во морето, а на морската површина лебделе огромни количини на ѓубре и друг отпад. Неподнослива смрдеа и грозни сцени ја затекнале актерската екипа сред сет па снимањето морало да се прекине.
Dalmacija News пишува дека тимот на Embassy Films не повикал полиција, но тоа го направил еден станар во Каштилца. По некое време, морската струја го однела ѓубрето кон центарот на заливот на Каштлица и актерската екипа повторно можела да се врати на снимање.
Екипата по Сплит се сели во Дубровник, а веќе имаат направено неколку сцени во Шибеник.