Јадење со кое нема да погрешите. Се подготвува едноставно, а резултатите се „вкусни“.
Состојки: 600 г. свински шницли, зејтин, сол, бибер, 1 лажичка брашно, 100 мл. павлака, 1 лажичка кечап, 1 лажичка сенф, кромид, 150 г. печурки
Подготовка: Истенчете ги шницлите со чекан за месо и испржете ги. Во тавата, додека месото се уште се пржи, додадете го брашното, сенфот, кечапот, исечканиот кромид и пржете уште пет минути.Додадете топла вода, поклопете со капак и динстајте 15 минути. Додадете ја пвлаката, промешајте и тргнете го тавчето од оган. Сервирајте со зелена салата.
Добар апетит!