Фустанот на индијскиот дизајнер Гаурава Гупте, во кој минатата вечер се појави Викторија, ги покри најкритичните места, а оној малку материјал кој го имаше на себе, ја спаси да не се појави сосема гола.
Ексцентричната Лејди Викторија Херви (37), поранешен модел и „IT“ девојка имаше најхрабар стајлинг за „Златен глобус“, кој се одржа вчера во Лос Анџелес. А тоа „храбро“ значеше дека Викторија се појави без долна облека.
„ Се чувствувам толку добро што сум повторно облечена“, иронично го искоментира на Твитер, Викторија своето појавување.
Викторија е често на листите на најлоѓо облечени жени, а многу ретко се наоѓа на позитивните. Исто е и денес заслужено сместена во нашиот УПС на денот.
Кога не е на забави, таа патува и пишува автобиографија. Живее во хотелите кои и пружаат се што и е потребно.